Почитувани, 

Прашалникот „Музеј кој само вие го знаете“ е дел од проектот Велосипедска, културна прошетка Скриените музеи на Скопје чија цел, народски кажано, е да спои две многу убави работи, возење точак и запознавање на град. Целта пак на прашалникот е да обезбеди дополнителни информации за постоечките музиеи и јавно достапни колекции во и околу Скопје, б) да побуди почетен интерес кај јавноста, и в) да ве награди. Токму така, да ве награди! А нагрдата е учество во промотивната вело-прошетка по Скриените музеи низ Скопје која се надеваме да се одржи во септември 2021 година. Добитници ќе бидат 3-цата кои ќе дадат најмногу одговoри на прашањата, односно ќе упатат на најнепознатите музеи во Скопје и околината.

Проектот Велосипедска, културна прошетка Скриените музеи на Скопје е спроведуван во соработка со Музеј на Град Скопје и поддршка од Град Скопје и Министерство за култура.