Целта на проектот е да се оствари Зголемен притисок за климатска одговорност кај општините во Скопски плански регион преку воспоставување на награда за нај вело-општина. 

 

Идејата на проектот e да го трансформира развојот на велосипедскиот сообраќај од нешто што e поттикнато од граѓански притисок кон нешто што ќе претставува престиж на општините преку воспоставување на годишна награда за „Нај вело-општина во Скопски плански регион“, чија цел е да стане синоним за поттик и акција на општините да се стремат кон подобри услови за велосипедистите. 

 

Идејата на проектот е во согласност со целта да овозможи одговор на итни акции и приоритетни прашања или проблеми во заедницата поврзани со климатската криза, бидејќи во овој момент, кога електрични возила локално не се решение бидејќи струјата пред се е од јаглен, постои сплет на околности, односно кризи кои е потребно итно да се искористат за да се предизвика климатска акција од страна на општините.

 

Проектот ќе се спроведе низ неколку активности и тоа:

  • Изготвување на методологија според која ќе се бодуваат седуманесете општини во Скопскиот плански регион и која ќе се користи при изборот на нај-вело општина. Методологијата има за цел да биде јавна односно да содржи податоци кои лесно може да се добијат преку барање за пристап на информации од јавен карактер со цел транспарентност при избирањето на нај-вело општина.
  • Избирање нај-вело општина преку добиени информации од јавен карактер. 
  • Според добиените информации од јавен карактер и според методологијата, одбрана Комисија - која ќе ја сочинуваат мин еден претставник од локална самоуправа, мин еден претставник од граѓанско здружение (сфера Мобилност) и претставници од ЦОИ и од НаТочак - ќе го одлучи победникот односно општината која е нај-вело насочена.
  • Избирање нај-вело општина - според јавноста.  Како дел од методологијата, ќе се изработи и анкета до јавноста, чија цел ќе биде да се земе предвид и перцепцијата на јавноста по прашањето која општина е најпогодна за велосипедистите. Врз основа на јавната перцепција за истото прашање ќе се донесе и награда Нај-вело општина - според јавноста.
  • Церемонија за додела на награди. Откако ќе се одреди победникот од страна на комисијата ќе се организира пресконференција на која ќе се додели наградата за нај-вело општина. Имено, ќе има неколку награди, една главна - велосипедски паркинг кој ќе се донира на општината победник според комисијата, за да биде инсталиран на територија на самата општина, додека другите награди ќе бидат во вид на плакети кои би ги стимулирале општините во иднина да имаат подобри перформанси за „најдобра вело општина“.
  • Изработка информации за јавност. Ќе се изработат постови и информации за медиуми. Постовите за социјални мрежи мрежи ќе имаат едукативен аспект и преку нив ќе ги поттикнеме граѓаните да споделат свои видувања за проблематиката.
  • Изработка на видео за наградата - Со цел раскажување на приказната надвор од Скопскиот плански регион, како и воспоставувањето на оваа активност како традиционална, годишна активност ќе се изработи професионално видео - чија цел ќе биде да го пренесе успехот од проектот и да го направи овој избор за нај-вело општина престиж за општините 

 

Период на спроведување: Март - Август 2023

 

Буџет: 360.000 МКД

 

Проектот Избираме вело-општина - избираме климатска акција  е спроведуван како дел од проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ во соработка со НаТочак.

Проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ има за цел да даде поддршка на силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија.

Проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“  го реализира Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници - МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе - ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.

 

Производи од проектот:

Методологија за избор на највело општина.