28-03-2023 Скопје: Во периодот од 29 март до 2 април на Саемот на мебел 2023, премиерно ќе се прикажува документарниот филм Откриј го столарот во себе.

Премиерата на краткиот документарен филм „Откриј го столарот во себе“, граѓаните ќе може да ја проследат Саемот на мебел 2023, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на штандот на Здружението на граѓани Центар за одржливи иницјативи од Скопје, каде на секој саат, во периодот од 12 до 20 часот ќе се емитува документарниот филм.

„Благодарение на соработката со Скопски саем имаме можност да го претставиме документарецот пред поширока публика,“ вели Бојан Ранташа, координатор на проектот и додава: „одбравме развлечена премиера која ќе трае пет дена додека трае саемот, за да овозможиме на граѓаните да го погледнат документарецот кога им одговара.“

Краткиот документарен филм „Откриј го столарот во себе“ е инспиративен филм изработен од филмографот Кирил Шентевски и ја следи приказната на започнувањето на првата група учесници на Столарската едукативна работилница за градење на лични вештини „Откриј го столарот во себе“. 

„За снимање на филмот беше потребен период од речиси една година, како би се прикажал целиот процес на изработка на повеќе предмети. Се искористи многу материјал кој инаку би завршил во депонија, а уште поинтересно беше да се забележи како во тој период учесничките преку работата се трансформираа и себе си, надминувајќи многу стравови.“ вели Шентевски. Работилницата користи остатоци од производството на мебел и ги става во финкција на едукација со цел за да се намали потенцијалното создавање на отпад. 

Работилницата беше подготвена во рамки на проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од мебел индустријата во Скопје, финансиски поддржан од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд, а во соработка и поддршка од компаниите: Акрон, Фамод, Про-Дизајн, Биба терк, Инфини дизајн, Монозеро, Бранимир компани, Сканда дизајн, Дрвотекс, Блажич, Југоимпекс, Домо софа и Пасворд продакшн.

 


 

За понатамошни информации, Ве молиме контактирајте го:

  • Бојан Ранташа, координато на проектот, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

За ЦОИ:

  • Центарот за одржливи иницијативи основан е во 2008.
    Неговата мисија е да овозможи одржлив развој на заедницата во Македонија обезбедувајќи стручност и поддржувајќи граѓански иницијативи.

 

Забелешка за уредници:

  • Повеќе за проектот: http://www.inicijativi.org.mk/index.php/mk/иницијативи/30-столарска-едукативна-работилница-за-намалување-на-отпадот-од-индустријата-за-мебел-во-скопје 

 

Ве молиме кредитирајте го ЦОИ за фотографиите, доколку не е наведено поинаку.