Печати

Bicycle.MKОдржливи иницијативи во соработка со групацијата на водичи на велосипед Bicycle.MK и со туристички агенции од Скопје: ГоБалканс Травел и Енџој Балканс создаде програмата за соработка со селани и земјоделци кои сакаат да започнат со туристички активности.

Во рамките на оваа иницијатива, Одржливи иницијативи соработува, ги советува и ги подготвува земјоделците и лицата од руралните области за прием на туристи. Активностите кои се остваруваат се: посета на локацијата, анализа за потенцијалот, препораки за развој и вклучување на селаните, односно фармерите во туристички понуди.

Секој земјоделец или селанец заинтересиран за да развие туристичка дејност во рамките на својот имот е добредојден да не контактира за вклучување во програмата. Контакт лице за оваа иницијатива е Ранташа Бојан: bojan.rantasa [мајмунче] inicijativi.org.mk