Одржливи иницијативи, како здружение на граѓани кое веќе втора деценија врши промоција на велосипедизмот оствари соработка со Еко Свест во рамките на нивниот проект „Да зборуваме за климатските промени“ со цел дополнителна промоција на велосипедизмот во Скопје и Македонија и подигање на свеста околу тоа како возењето велосипед придонесува кон намалувањето на човековото влијание на климатските промени1, односно зголемувањето на просечната температура на земјата.

Во нареднот период, во соработка со граѓанската иницијатива НаТочак, ќе споделиме информации кои се однесуваат за односот на возењето велосипед и климатските промени, како и наши визии за тоа што треба да се направи за да граѓаните на Скопје возат повеќе велосипед (па и повеќе да пешачат) со цел Скопје како град да ја намали емисијата на стакленички гасови од транспортот, а со тоа и негативното влијание кон климатските промени. Да не споменеме и дека истите тие стакленички гасови2 ни создаваат и респираторни проблеми.

- - -

1.  Климатските промени опишуваат промени во просечните услови, како што се температура и дождови, во одреден регион во текот на долг временски период. Научниците од НАСА набљудуваат дека површината на Земјата се затоплува, и многу од најтоплите забележани години се случиле во изминатите 20 години. Повеќе информации на: https://climatekids.nasa.gov/climate-change-meaning/ 

2. Стакленичките гасови се гасови во Земјената атмосфера коишто ја заробуваат топлината. Тие дозволуваат сонцето да помине низ атмосферата, но тие спречуваат топлината да ја напушти атмосферата, која што сончевата светлина ја носи. Главни стакленички гасови се: водена пареа, јаглерод диоксид, метан, озон, азотеноксид, хлорофлуорокарбон. Повеќе информации на: https://climatekids.nasa.gov/greenhouse-cards/  

- - -

Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ го имплементираат Еко-свест, CNVP Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија. Содржината на овој документ е одговорност исклучиво на авторот и во ниеден случај не може да се смета дека ги отсликува ставовите на Европската Унија.