ПедалаЗ. Г. Одржливи иницијативи - Скопје сака да вработи едно лице на неопределено работно време, за потребите на проектот ,Центар за развој и подобрување на велосипедската култура „Педала“’.

Барани предуслови:

  • Да има завршено најмалку средно образование;
  • Да е жител/ка на Град Скопје;
  • Да вози велосипед;
  • Да умее да поправи велосипед;
  • Да има познавање од работа на компјутер и познавање на Опен Офис пакетот;
  • Да има искуство во здруженија на граѓани од најмалку 3 години.

Посакувани особини:

  • Да е помлад/а од 30 години;
  • Да има развиено комуникациски вештини;
  • Да знае како да врши ромоција преку интернет (фејсбук, инстаграм, гугл плус);
  • Да има искуство со ажурирање на интернет страници;
  • Да има око за фотографија;
  • Да има свој велосипед;
  • Да има познавње на Англискиот јазик;
  • Да има познавње на трет јазик.

Сите заинтересирани кандидати да испратат лично резиме според овој терк на е-поштата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Огласот е отворен додека не се пополни местото.