Во рамките на проектот Велосипедска, културна прошетка „Скриените музеи на Скопје“ спроведуваме анкета на тема „Музеј кој само вие го знаете“ со цел да ги дознаеме за не толку познатите музеи во и околу Скопје.

   Целта пак на прашалникот е да обезбеди дополнителни информации за постоечки музиеи и јавно достапни колекции во и околу Скопје. Музеите може да бидат во рамки на јавни установи, приватни установи, но и во рамки на приватни домови, доколку сопствениците се расположени да ги отворат своите врати за гости. Однапред ви благодариме за помошта во оваа наша мисија. Ве молиме проследете го линкот за да ја пополните анкетата:

   Прашалникот „Музеј кој само вие го знаете“

   Проектот Велосипедска, културна прошетка Скриените музеи на Скопје е спроведуван во соработка со Музеј на Град Скопје и поддршка од Град Скопје и Министерство за култура.