Практична употреба на остатоци од иверка: столарски помагала

 

Креативна столарска работилница ќе трае од 19 јули до 28 јули, секој вторник и четврток, со почеток од 18 часот, по три часа, во просториите на Пасворд продакшн, каде се одвиваат активностите на Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна бригада бр. 39/-1. Првиот термин е на 19 јули од 18 часот.

Наменета е за хоби столари кои имаат основно знаење и искуство, а сакаат да ги подобрат своите вештини преку работа под водство на искусен, професионален столар. Охрабруваме да се пријавуваат жени.

Во работилницата го имаме потребниот алат и материјали за спроведување на активностите. Ваше е да понесете лична заштитна опрема (заштитни наочари, заштитни ракавици, FFP2/N95 маска и тампони за уши) и да сте соодветно облечени за работа и можна прашина.

Работилницата е ограничена на 10 лица, со цел да се овозможи ефективно пренесување на знаењата од столарот и за да се овозможи комоција на движење и работа во просторот. Пријавувањето е на принципот - прво пријавени - прво запишани.

Материјали кои ќе се употребуваат: иверка. Материјалите кои ќе се користат на работилницата се остаток од производството на мебел, со што успеваме да го намалиме отпадот кој се создава во мебел индустријата. Во столарството не постои отпад, само парчиња кои допрва треба да најдат употреба.

Оваа работилница е дел од проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје, сроведуван од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, а финансиски поддржано од ГЕФ ПМГ РСМ. Компании поддржувачи на работилницата: Акрон, Фамод, Бранимир компани, Про-дизајн, Југоимпекс, Дрвотекс, Блажич, Монозеро, Биба терк, Инфини студио и Пасворд продакшн. Благодарение на таа поддршка, работилнициата ќе биде бесплатна.

Предметите кои ќе бидат изработени во рамки на работилницата остануваат во сопственост на Одржливи иницијативи.

 

 

Оваа работилница е дел од проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје, сроведуван од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, а финансиски поддржано од ГЕФ ПМГ РСМ. Компании поддржувачи на работилницата: Акрон, Фамод, Бранимир компани, Про-дизајн, Југоимпекс, Дрвотекс, Блажич, Монозеро, Прима промет, Биба терк, Инфини студио и Пасворд продакшн. Благодарение на таа поддршка, оваа работилница ќе биде бесплатна.
























Јас се согласувам, доброволно да ги дадам моите лични податоци за потребите поврзани со моето пријавување и учество во работилницата да бидат користени и чувани од страна на организаторот, а со штиклирање на ова поле тоа го потврдувам.

Јас сум свесен/на дека работилницата вклучува работа со рачни алати и рачни електрични алати кои може да предизвикаат повреда, поради што ќе внимавам на мојата лична безбедност и на безбедноста на луѓето околу мене и ќе ги следам протоколите за безбедност истакнати од обучувачите и нивните асистенти. Поради можноста да настане повреда и покрај следењето на сите безбедносни протоколи, јас ќе отворам осигурување за во случај на незгода, а доколку решам да не го направам тоа - го правам тоа во целосна моја лична, правна и финансиска одговорност. Во случај на незгода нема да ги товарам обучувачите или организаторот и ги ослободувам од товар (финансиски, морален или правен) за било каква штета која може да настане.

Јас се обврзувам да ги пазам и чувам алатите кои ќе ми бидат дадени на располагање и сум свесен/на дека во случај на нивно оштетување, губење или кражба ќе треба да ги надокнадам на Центарот.

Јас се обврзувам дека ќе бидам присутен/на на секој термин, освен доколку сум спречен поради болест или виша сила.