Научете ги основните столарски вештини и техники за изработка на ниско столче - коклица со употреба на рачен електричен алат и понесети си дома коклица која вие ќе ја изработите од шпер плоча.

Столарската работилница ќе се одвива на 1, 3 и 8 ноември, во вторник и четврток, со почеток од 18:30 часот, по најмногу три часа, во просториите на Пасворд продакшн, каде се одвиваат активностите на Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна бригада бр. 39/-1. Првиот термин е на 1 ноември од 18:30 часот.

Наменета е за лица немаат искуство и кои сакаат да се стекнат со столарско искуство, или за хоби столари кои имаат основно знаење и искуство, а сакаат да ги подобрат своите вештини преку работа под водство на искусен, професионален столар. Охрабруваме да се пријавуваат жени.

Во работилницата го имаме потребниот алат и материјали за спроведување на активностите. Ваше е да понесете лична заштитна опрема (заштитни наочари, заштитни ракавици, FFP2/N95 маска и тампони за уши) и да сте соодветно облечени за работа и можна прашина.

Пријавувањето е на принципот - прво пријавени - прво запишани. Пријавувањето се врши со пополнување на формулар и уплата на котизација за работилницата.

Пријавувањето е отворено до вторник, 26 октомври.

Материјали кои ќе се употребуваат: шпер плоча.

Котизација за учество на работилницата е 2800 денари од лице за работилницата и 905 денари за материјалот, односно вкупно 3705 денари.

Во оваа работилница даваме можност учесниците за донесат свој партнер кој ќе помага во изработка на предметот на истата работна маса. Котизацијата за учеството на партнерот е 1400 денари. Вкупно за две лица кои ќе работат на изработка на еден предмет изнесува 5105 денари.

За работилницата да се спроведе потребно е да се пријават најмалку 6 лица - учесници.

Уплатените средства не се враќаат, туку се нуди можност за учество на следна работилница.

На крајот од работилницата учесниците си го земаат предметот кој го изработиле.

 

Работилницата ќе ја започнеме со запознавање на материјалот кој ќе го користиме - шпер плоча. Потоа ќе се запознаеме со алатите кои ќе ги користиме и за нивното правилно и безбедно ракување: убодна пила, дупчалка итн. Во текот на рабоитлницата ќе се запознаеме со постапката за користење на дрвени типли и нивна примена. Подготвените парчиња шпер плоча ќе ги споиме со дрвени типли. На крај, парчињата ќе се избрусат за да бидат мазни и ќе се премачкаат со масло за да се заштитат.

 

За работилницата:

  • Времетраење во часови: 8 часа
  • Термин на одржување: вторник и четврток, од 18:30 до 21:30 на 1, 3 и 8 ноември.
  • Тежина на изработка: 2/5
  • Ниво на предзнаење: почетници без искуство

 

Клучни точки за работилницата:

  • Запознавање на основниот материјал
  • Обука и користење на убодна пила
  • Обука и користење на штрафилица 
  • Запознавање на постапка за користење на дрвени типли, и нивна примена
  • Спојување на елемент
  • Површинска обработка

 

Забелешки поврзани со работилницата:

-Дојдете одморени и најадени.

-Во зависност од големината на групата и во зависност од личните вештини, работилницата може да трае пократко или подолго.

-Работен јазик на работилницата е македонски.

-Работилницата вклучува работа со алати и машини кои може да предизвикаат повреда. Потребно е да ги следите напатствијата за безбедност кои ќе ви бидат дадени.

-Задолжително понесете си лична заштитна опрема која вклучува заштитни наочари; заштитна маска за дишење од типот FFP2 (пожелно да има вентил); заштитни ракавици при движење на материјалот или нанесување заштитен премаз; и заштита за слухот при работа со електричен алат и машини.

-За било какви прашања пишете ни порака или пратете ни е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Инструктор на работилницата е Биљана Ѓошевска - Биба терк:
https://www.facebook.com/bibaterk
https://www.instagram.com/biba_terk/