Бесплатна едукативна работилница за изработка на табуретка. Можност да научите и да проверите дали изработката на табуретки е нешто што би можеле и би сакале да го правите и можност да бидете вработени после тоа.

Едукативната работилница ќе се одвива на 14, 15, 17 и 21 ноември, со почеток од 19 часот, по два часа, во Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна бригада бр. 39/-1.

Наменета е за лица кои немаат искуство во изработката на табуретки, а кои сакаат да се стекнат со знаење и искуство кое понатаму ќе им овозможи вработување. Охрабруваме да се пријавуваат жени.

Во работилницата го имаме потребниот алат и материјали за спроведување на активностите. Ваше е да сте соодветно облечени за работа и да понесете заштитна маска.

Пријавувањето се врши со пополнување на формулар.

Пријавувањето е отворено до петок, 11 ноември.

Материјали кои ќе се употребуваат: дрво, сунѓер, текстил.

Предметите кои ќе бидат изработени во рамки на работилницата остануваат во сопственост на ЗГ Одржливи иницијативи - Скопје.

 Работилницата ќе ја започнеме со запознавање на материјалот кој се користи во изработката на табуретка . Потоа ќе се запознаеме со алатите кои ќе ги користиме за склопување и навлекување на текстил врз табуретката, како и за нивното правилно и безбедно ракување: навртувач (шрафцигер), дупчалка (бормашина) и пневлатска хефталка. Во текот на рабоитлницата ќе се запознаеме со постапката за спојување на табуретка, навлекување на текстил врз табуретката и поставување на механизам за отварање на табуретката. На крај, секој ќе изработи табуретка.

 

За работилницата:

Времетраење во часови: 8 часа, по два часа дневно.

Термин на одржување: 14, 15, 17 и 21 ноември, од 19 часот.

Тежина на изработка: 2/5

Ниво на предзнаење: почетници без искуство

 

Клучни точки за работилницата:

  • Запознавање на основниот материјал за изработка на табуретка
  • Запознавање со процесот на изработка на табуретка
  • Обука и користење на дупчалка (бормашина)
  • Обука и користење на пневматска хефталка 
  • Запознавање на постапка на спојување на составни делови на табуретка
  • Запознавање на постапка на навлекување на текстил на табуретка

Забелешки поврзани со работилницата:

  • Дојдете одморени и најадени.
  • Во зависност од големината на групата и во зависност од личните вештини, работилницата може да трае пократко или подолго.
  • Работен јазик на работилницата е македонски.
  • Работилницата вклучува работа со алати и машини кои може да предизвикаат повреда. Потребно е да ги следите напатствијата за безбедност кои ќе ви бидат дадени.
  • Задолжително понесете си лична заштитна опрема која вклучува заштитна маска за дишење од типот FFP2 (пожелно да има вентил). *Доколку не можете да обезбедите лична заштитан опрема, слободно обратете ни се, ние ќе ви обезбедиме.

 За било какви прашања пишете ни порака или пратете ни е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

 Инструктори на работилницата се професионалци - лица вработени во Домо Софа.

 Столарскиот едукативен центар е резултат на проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје, сроведуван од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, а финансиски поддржано од ГЕФ ПМГ РСМ.