Статуетка за најдобар еколошки филм

 

Креативна столарска работилница ќе трае од 21 јуни до 30 јуни, секој вторник и четврток, по два часа, во просториите на Пасворд продакшн, каде се одвиваат активностите на Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна бригада бр. 39/-1. Првиот термин е на 21 јуни од 18 часот.

Наменета е за сите кои имаат поседуваат креативност, некакво познавање и искуство со рачен и рачен електричен алат, а сакаат да ги подобрат своите вештини за користење на рачен електричен алат преку работа под водство на искусен, професионален столар. Охрабруваме да се пријавуваат жени и млади лица.

Во работилницата го имаме основниот алат и материјали за спроведување на активностите. Задолжително е материјалот искористен да биде пред се од остатоци од мебел индустријата, материјал кој се наоѓа кај нас. Слободни сте да користите и други материјали во помала мера. Слободни сте да користите и ваш алат кој не е ставен на располагање од наша страна. Слободни сте да го доработувате делото и дома.

Работичницата е ограничена на 10 лица, со цел да се овозможи ефективно пренесување на знаењата од столарот и за да се овозможи комоција на движење и работа во просторот. Ваше е да понесете лична заштитна опрема (заштитни наочари, заштитни ракавици, FFP2/N95 маска и тампони за уши) и да сте соодветно облечени за работа и можна прашина. 

Работата во рамки на оваа работилница ќе се одвива самостојно. Пријавувањето е на принципот - прво пријавени - прво запишани. Пријавувањето е отворено најдоцна до 18 јуни.

Материјали кои ќе се употребуваат: иверка, медијапан, дрво. Материјалите кои ќе се користат на работилницата се остаток од производството на мебел, со што успеваме да го намалиме отпадот кој се создава во мебел индустријата. Во столарството не постои отпад, само парчиња кои допрва треба да најдат употреба.

Предметите кои ќе бидат изработени во рамки на работилницата која е поддржана од ГЕФ ПМГ РСМ остануаваат во сопственост на Здружението, а ќе бидат понатаму донирани. Предметите изработени во оваа работилница ќе бидат изложени на 13-тото издание на Ехо - Фестивал на планински филм, а учесниците ќе бидат промовирани пред јавноста. Од предметите кои ќе бидат изработени, ќе се направи селекција и избраниот предмет ќе биде овогодинешната статуетка за најдобар еколошки филм на Ехо.

 

Оваа работилница е дел од проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје, сроведуван од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, а финансиски поддржано од ГЕФ ПМГ РСМ. Компании поддржувачи на работилницата: Акрон, Фамод, Бранимир компани, Про-дизајн, Југоимпекс, Дрвотекс, Блажич, Монозеро, Прима промет, Биба терк, Инфини студио и Пасворд продакшн. Благодарение на таа поддршка, пилот работилнициата ќе биде бесплатна.
























Јас се согласувам, доброволно да ги дадам моите лични податоци за потребите поврзани со моето пријавување и учество во работилницата да бидат користени и чувани од страна на организаторот, а со штиклирање на ова поле тоа го потврдувам.

Јас сум свесен/на дека работилницата вклучува работа со рачни алати и рачни електрични алати кои може да предизвикаат повреда, поради што ќе внимавам на мојата лична безбедност и на безбедноста на луѓето околу мене и ќе ги следам протоколите за безбедност истакнати од обучувачите и нивните асистенти. Поради можноста да настане повреда и покрај следењето на сите безбедносни протоколи, јас ќе отворам осигурување за во случај на незгода, а доколку решам да не го направам тоа - го правам тоа во целосна моја лична, правна и финансиска одговорност. Во случај на незгода нема да ги товарам обучувачите или организаторот и ги ослободувам од товар (финансиски, морален или правен) за било каква штета која може да настане.

Јас се обврзувам да ги пазам и чувам алатите кои ќе ми бидат дадени на располагање и сум свесен/на дека во случај на нивно оштетување, губење или кражба ќе треба да ги надокнадам на Центарот.

Јас се обврзувам дека ќе бидам присутен/на на секој термин, освен доколку сум спречен поради болест или виша сила.