Печати

Летната столарска едукативна работилница ќе трае од 3 до 10 август 2024 година, во Берово.

Наменета е за лица кои сакаат да стекнат лични столарски вештини и сакаат да се занимаваат со обработка на полно, масивно дрво. Искуство не е потребно. Поттикнуваме да се пријавуваат жени.

Во работилницата го имаме потребниот алат и материјали за спроведување на активностите. Ваше е да понесете лична заштитна опрема (заштитни наочари, заштитни ракавици, FFP2/N95 маска и тампони за уши) и да сте соодветно облечени за работа и можна прашина.

Групата е ограничена на 12 лица, со цел да се овозможи ефективно пренесување на знаењата од инструкторите - професионални столари и за да се овозможи комоција на движење и работа во просторот.

Материјалите кои ќе се употребуваат во работилницата се масивно дрво и тоа најмногу бука и чам (ела, бор, смрча) како локални, беровски видови, но за некои задачи ќе се користи и орев и даб. Дел од материјалите кои ќе се користат на работилницата се остаток од производството на мебел од компаниите - наши поддржувачи, со што успеваме да го намалиме отпадот кој се создава во мебел индустријата. „Во столарството не постои отпад, само парчиња кои допрва треба да најдат употреба.“

Работниот јазик е македонски.

Котизација за учество во работилницата е 21.900,00 денари. Во котизацијата е вклучен трошокот за самата работилница и материјалите кои ќе се искористат. Во котизацијата не е вклучено вашето сместување за време на работилницата, вашата исхрана, ниту трошокот за да стигнете до Берово.

Пријавувањето на работилницата е отворено до 20 јули. Пријавувањето ќе се врши на принципот - први пријавени - први услужени. За пријавени ќе се сметаат тие лица кои ќе имаат пополнето пријава и уплатена целосна или делумна котизација.

За да се спроведе работилницата потребни се најмалку 8 учесници.

Оваа работилница е спроведувана од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, а е поддржана од компаниите: Дуја ГСВ дооел Берово, Пела Милан, Астал Масив и Монозеро.

 

Столарството е традиција и животна вештина.

 

Што е Летна столарска едукативна работилница за развивање на лични вештини

 

Тоа е процес во кој ќе започнете да ги градите или ќе ги надградите вашите лични вештини поврзани со обработката на масивно дрво: да користите рачен алат; да размислувате функционално и креативно; но најважно од сѐ е да ги научите карактеристиките на масивното дрво и работа со него, поради кои карактеристики некои столари го нарекуваат и “живо” дрво.

После завршувањето на работилницата учесниците ќе имаат знаење и пракса за работа со масивно дрво, употреба на рачен алат (рачна пила, рачна јапонска пила, столарски стеги), рачен електричен алат (дупчалка, убодна пила, циркулар, гер), машини за обработка на дрво (дихт, абрихтер) и соодветни додатоци и шаблони кои ќе ви ја олеснат работата. Ќе стекнат и вештини на правење план за работа (сечење, спојување), читање на планови, пренесување на мерки на материјалот, спојување под прав агол и др.

 

Работилницата на кратко:

 

Кој може да учествува на работилницата:

Основни критериум за учество на работилницата:

Пожелно е:

 

Програма на работилницата:

Програмата на работилницата е конципирана на тој начин што преку практична работа - изработка на предмети од дрво, постепено ќе учите столарски вештини. Предвидено е да се изработат пет предмети, каде со секој предмет се воведуваат нови вештини и знаења: штафелај, сложувалка, рамка за слика, даска за послужување и кутија за алат.

За искусните хоби столари, кои сакаат да научат по напредни вештини, со Беровските столари ја нудиме можноста во рамки на работилницата да се фокусираат на две по сложени задачи-предизвици: изработка на креветче и изработка на работна масичка. Изработката на двата предмети е од сиров материјал до конечен производ во размер од нормална големина и ќе го опфати целото времетраење на работилницата.

 

Летна столарска работилница во Берово

 

Прашања кои ве мачат:

 

Кога ќе започне работилницата?

 

Колку трае програмата

 

Кога ќе бидат часовите?

 

Дали програмата е цело време во работилница

 

Дали ни треба алат?

 

Дали има гаранција за работа кога работилницата ќе се заврши.

 

Дали треба нешто да понесам со себе?

Каде може да извадам осигурување во случај од незгода?

 

Како да се облечам за на активностите?

 

Дали просторот има прозор за вентилација?

 

Дали има паркинг за велосипеди?

 

Како можам да пристигнам до работилницата со автобус?

 

Каде може да паркирам автомобил?

 

Која е цената за учество во работилницата?

 

Што со предметите кои ќе бидат изработени во процесот?

 

Како да се пријавам?

 

Кога можам да се пријавам?

 

Како и кога ќе знам дали ќе бидам дел од работилницата?

 

Што ако не се пријават 8 лица за работилницата?