Летната столарска едукативна работилница ќе трае од 3 до 10 август 2024 година, во Берово.

Наменета е за лица кои сакаат да стекнат лични столарски вештини и сакаат да се занимаваат со обработка на полно, масивно дрво. Искуство не е потребно. Поттикнуваме да се пријавуваат жени.

Во работилницата го имаме потребниот алат и материјали за спроведување на активностите. Ваше е да понесете лична заштитна опрема (заштитни наочари, заштитни ракавици, FFP2/N95 маска и тампони за уши) и да сте соодветно облечени за работа и можна прашина.

Групата е ограничена на 12 лица, со цел да се овозможи ефективно пренесување на знаењата од инструкторите - професионални столари и за да се овозможи комоција на движење и работа во просторот.

Материјалите кои ќе се употребуваат во работилницата се масивно дрво и тоа најмногу бука и чам (ела, бор, смрча) како локални, беровски видови, но за некои задачи ќе се користи и орев и даб. Дел од материјалите кои ќе се користат на работилницата се остаток од производството на мебел од компаниите - наши поддржувачи, со што успеваме да го намалиме отпадот кој се создава во мебел индустријата. „Во столарството не постои отпад, само парчиња кои допрва треба да најдат употреба.“

Работниот јазик е македонски.

Котизација за учество во работилницата е 21.900,00 денари. Во котизацијата е вклучен трошокот за самата работилница и материјалите кои ќе се искористат. Во котизацијата не е вклучено вашето сместување за време на работилницата, вашата исхрана, ниту трошокот за да стигнете до Берово.

Пријавувањето на работилницата е отворено до 20 јули. Пријавувањето ќе се врши на принципот - први пријавени - први услужени. За пријавени ќе се сметаат тие лица кои ќе имаат пополнето пријава и уплатена целосна или делумна котизација.

За да се спроведе работилницата потребни се најмалку 8 учесници.

Оваа работилница е спроведувана од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, а е поддржана од компаниите: Дуја ГСВ дооел Берово, Пела Милан, Астал Масив и Монозеро.

 

Столарството е традиција и животна вештина.

 

Што е Летна столарска едукативна работилница за развивање на лични вештини

 

Тоа е процес во кој ќе започнете да ги градите или ќе ги надградите вашите лични вештини поврзани со обработката на масивно дрво: да користите рачен алат; да размислувате функционално и креативно; но најважно од сѐ е да ги научите карактеристиките на масивното дрво и работа со него, поради кои карактеристики некои столари го нарекуваат и “живо” дрво.

После завршувањето на работилницата учесниците ќе имаат знаење и пракса за работа со масивно дрво, употреба на рачен алат (рачна пила, рачна јапонска пила, столарски стеги), рачен електричен алат (дупчалка, убодна пила, циркулар, гер), машини за обработка на дрво (дихт, абрихтер) и соодветни додатоци и шаблони кои ќе ви ја олеснат работата. Ќе стекнат и вештини на правење план за работа (сечење, спојување), читање на планови, пренесување на мерки на материјалот, спојување под прав агол и др.

 

Работилницата на кратко:

  • Дизајнирана е за да научите работа со масивно дрво.
  • Интензивна работа во период од една недела, по 6 до 8 часа дневно.
  • Искусни професионалци ви го пренесуваат своето знаење од столарската професија.
  • Ви дава компетитивна предност додека започнувате да се занимавата со столарство.
  • Ве поврзува со професионалци.
  • Предвидено време за пауза и одмор во Беровската околина.
  • Работилниците се развиени од професионалци и експерти во својата област.
  • Посета на локална пилана и учење како да одберете дрво.
  • Доколку размислувате дали столарството е ваша идна професија, преку работилницата може да се поврзете со нашите компании поддржувачи кои може ќе ви понудат работа.

 

Кој може да учествува на работилницата:

Основни критериум за учество на работилницата:

  • Да сте полнолетни - наполнети 18 години или повеќе.
  • Да имате завршено најмалку основно образование (пожелно средно образование).
  • Да имате способност јасно да комуницирате на македонски јазик.
  • Да имате основни познавања математика.

Пожелно е:

  • Да имате или да сакате да си извадите осигурување против незгода.

 

Програма на работилницата:

Програмата на работилницата е конципирана на тој начин што преку практична работа - изработка на предмети од дрво, постепено ќе учите столарски вештини. Предвидено е да се изработат пет предмети, каде со секој предмет се воведуваат нови вештини и знаења: штафелај, сложувалка, рамка за слика, даска за послужување и кутија за алат.

За искусните хоби столари, кои сакаат да научат по напредни вештини, со Беровските столари ја нудиме можноста во рамки на работилницата да се фокусираат на две по сложени задачи-предизвици: изработка на креветче и изработка на работна масичка. Изработката на двата предмети е од сиров материјал до конечен производ во размер од нормална големина и ќе го опфати целото времетраење на работилницата.

 

Летна столарска работилница во Берово

 

Прашања кои ве мачат:

 

Кога ќе започне работилницата?

  • На 3 август од 10 часот.

 

Колку трае програмата

  • Програмата вкупно трае 7 дена инструктажа на практична работа и еден ден теренска посета на пилана.

 

Кога ќе бидат часовите?

  • Предвидено е да се одвиваат часовите секој ден во утринските чесови.

 

Дали програмата е цело време во работилница

  • Да. Но ќе се прошетаме и до погон на компаниите - поддржувачи.

 

Дали ни треба алат?

  • Целиот алат кој ви треба го имаме во работилницата. Доколку сакате да го користите вашиот личен алат за подобро да се запознаете со неговите можности, тогаш добредојдени сте да го понесете.

 

Дали има гаранција за работа кога работилницата ќе се заврши.

  • Не. Со успешно завршување на програмата добивате препорака во однос на вашиот покажан интерес и вештини кај компаниите кои се наши поддржувачи.

 

Дали треба нешто да понесам со себе?

  • Потребно е да имаш своја лична заштитна опрема која ќе се состои од: 
    • проѕирни заштитни наочари;
    • заштитни ракавици кои ќе ви бидат удобни, а кои ќе ве заштитат од можни гребаници;
    • FFP2/N95 заштитна маска за лице, која пожелно има издувен вентил; и
    • тампони за уши за заштита на слухот во случај кога работите со бучни алати.

Каде може да извадам осигурување во случај од незгода?

  • Осигурување во случај од незгода може да извадите од било која осигурителна компанија.

 

Како да се облечам за на активностите?

  • Облеката треба да ви биде соодветна како за работа. Можно е понекогаш да има прашина, а можно е понекогаш да има и масло.

 

Дали просторот има прозор за вентилација?

  • Просторот има прозорци со што има можност за природна вентилација.

 

Дали има паркинг за велосипеди?

  • Не, но може да го оставите велосипедот пред просторот.

 

Како можам да пристигнам до работилницата со автобус?

  • Има две автобуски компании кои Скопје го поврзуваат со Берово: Андон Компани преку Кочани и Виница и трга од 14ч од Скопје и другиот преку Куманово и трга од …. Од Скопје.

 

Каде може да паркирам автомобил?

  • Просторот се наоѓа во градот каде може да се најде ограничен паркингот во околината.

 

Која е цената за учество во работилницата?

  • Цената за учество во работилницата е 21.900,00 денари. 

 

Што со предметите кои ќе бидат изработени во процесот?

  • Предметите се ваши, но може да ги донирате кон Здружението, при што ќе се направи продажна на истите, а средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за формирање на фонд за стипендирање на лица од загрозени семејства (сиромашни) да можат да учествуваат на наши работилници или ќе се спроведат работилници наменети на лица од загрозени семејства..

 

Како да се пријавам?

 

Кога можам да се пријавам?

  • Пријавувањето е отворено од 20 јули 2024 година.

 

Како и кога ќе знам дали ќе бидам дел од работилницата?

  • Штом ќе пополните пријава ќе бидете контактирани за уплата на котизацијата, а откако уплатите ќе ви биде испратена потврда дека сте пријавени.

 

Што ако не се пријават 8 лица за работилницата?

  • Во тој случај ќе ви дадеме можност да учествувате во друг термин или на друга работилница, или да почекате да отвориме нов повик се додека не се соберат доволно учесници.