Одржливи иницијативи, како здружение на граѓани кое веќе втора деценија врши промоција на велосипедизмот оствари соработка со Еко Свест во рамките на нивниот проект „Да зборуваме за климатските промени“ со цел дополнителна промоција на велосипедизмот во Скопје и Македонија и подигање на свеста околу тоа како возењето велосипед придонесува кон намалувањето на човековото влијание на климатските промени, односно зголемувањето на просечната температура на земјата.

ПедалаВелосипедски - образовна и техничка посветеност за сите оние кои возат или сакаат да возат велосипед.

Социјален - за меѓусебно дружење и за меѓусебно помагање.

Центар - место каде велосипедисти може да се собираат.

Педала - придвижувано напред од нашата, заедничка, сопствена сила.

Bicycle.MKОдржливи иницијативи во соработка со групацијата на водичи на велосипед Bicycle.MK и со туристички агенции од Скопје: ГоБалканс Травел и Енџој Балканс создаде програмата за соработка со селани и земјоделци кои сакаат да започнат со туристички активности.

КружокВелосипедски кружок „Милтон Манаки“ за бавно возење велосипед е кружок на љубители на движњето со велосипед кои уживаат во секој момент од тоа движење и сакаат добра дружба. Во Кружокот е добредојден секој, безразлика на физичката спремност или марката и моделот на велосипедот кој го поседува. Велосипедските дружби се наменети за секој, па така добредојдени се и цели фамилии.

Прилепско ПолеОдржливи иницијативи во соработка со Велосипедскиот клуб „Илинден“ од Прилеп, а поддршка од Општина Крушево и Општина Кривогаштани ја продолжува иницијативата за промоција на Прилепското Поле како велосипедско-туристичка дестинација.

ВелоФестТоа е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.