Тo4ak (точак) иницијативата цели да ги обедини велосипедистите и поддржувачите на велосипедизмот на едно место (на сигурна далечина од возила и девијантни пешаци) кади тие ќе може да комуницираат, разменуваат информации и да развиваат идеи. Идејата е да се обезбеди алатка - медиумска платформа за градење на маса на велосипедисти со критично мислење и да создаде цврсто мислење за улогата и местото на велосипедите и велосипедизмот во општеството.
Македонија е земја која, меѓу другото, се карактеризира со градски и не-градски сообраќаен хаос. Постои тивка војна помеѓу возилата и пешаците, каде посилниот победува во битката. Низ целиот овој хаос, фатени на средина и запоставени и потценети од двете страни (пешаците и возилате) се велосипедистите. Тие не се сметаат ниту за возила, ниту за пешаци, со тоа не се видливи за јавноста, медиумите и најважно од се за политичарите.
Велосипедот не е само превозно средство. Велосипедот исто така е спорт и здрава рекреација која има потенцијал да стекне голема популарност и интерес. Спротивно на тенденциите и желбите, авантуристички велосипедисти имаат потешкотии во изнаоѓање на патеки и улици по кои ќе возат велосипед. Оттука потребата да се превземе организирана иницијатива во врска со велосипедизмот во Македонија.
Иницијативата користи портал со слободен пристап, кој е достапен за луѓе од целата земја. Порталот е дизајниран да расте и се развива како што интересот меѓу луѓето се зголемува. Понатаму, порталот постои за да служи како медиум за сите новости поврзано со велосипедите, кои се од интерес за Македонските велосипедисти и заинтерсираните страни.
Тo4ak иницијативата е заедничка активност на Одржливи иницијативи и Екстрим спортс.
To4ak е отворен за соработка со други интернет страници, организации и институции, како и сите заинтересирани страни.
За повеќе информации погледнете го порталот www.to4ak.com, или обратете се на официјалната е-пошта за контакт: to4ak [мајмунче] to4ak.com