Општина Центар ја понесе титулата за Највело општината во Скопје и околината за 2023 - признание кое за првпат годинава го воведуваат Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи заедно со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје - НаТочак.
Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје - НаТочак, ги повикува граѓаните да ги споделат своите искуства и ставови преку онлајн анкета кои ќе придонесат во изборот на „Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 година.
Повеќе: Анкета за јавност: Бираме „Највело општина во Скопскиот плански регион“
28-03-2023 Скопје: Во периодот од 29 март до 2 април на Саемот на мебел 2023, премиерно ќе се прикажува документарниот филм Откриј го столарот во себе.
Повеќе: Соопштение за јавност: Премиера на документарниот филм „Откриј го столарот во себе“
Проектот на здружението на граѓани Одржливи иницијативи - Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје го отвори пријавувањето за втора столарска едукативна работилница за развивање на лични вештини Откриј го столарот во себе.
Соопштение: Отворено пријавување за Столарската едукативна работилница за развивање на лични вештини
Отворено пријавување за Столарската едукативна работилница за развивање на лични вештини, дел од проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје.
Во периодот од март 2022 година до февруари 2023 година, во Скопје ќе се спроведува проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје.
Страница 1 од 2