Центар за одржливи иницијативи (ЦОИ) е граѓанска организација основана во 2008 година од група на млади стручи лица и интелектуалци со различна позадина, но една заедничка визија: Проактивно граѓанско општество изградено на одржливи принципи вклучувајќи ефикасни развојни активности кои се грижат за животната средина.
ЦОИ се гледа себе си за локомотива, за инкубатор на идеи и иницијативи кои можат и ќе предизвикаат одржливост на Македонското општество на сеопфатен начин. Затоа ЦОИ се обврзува себе си во воспоставување на ефикасни партнерства и соработка со локални актери во развојот и само преку заедничка работа ги остварува своите цели.
Основните цели на ЦОИ вклучуваат:
- Воспоставување на одржлив, односно интегриран развој на заедницата грижејќи се за животната средина, развојот на општеството и економијата;
- Подигање на јавната свест во однос на одржливиот разој, животната средина, како и последиците од човековите активности (како загадувањето и глобалните климатски промени);
- Промовирање на Општествената одговорност и Одговорноста за животната средина;
- Развивање и јакнење на потенцијалот на поединецот, особено младата личност да придонесе во одржливиот развој на својата заедница;
- Развивање на одржливо граѓанското општество во Македонија;
- Промоција на технологии кои придонесуваат во одржливиот развој на заедницата и внимаваат на животната средина.