Тоа е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.
Велосипедизмот е интегрирана алатка, сеопфатна активност која овозможува активна физичка вежба, ослободување од стресот, јакнење на имунитетот, ефективно движење, транспорт кој се грижи за животната средина, намалување на сообраќајниот метеж, намалување на емисијата на стакленички гасови, намалување на бучавата, намалување на трошењето на природните ресурси, намалување на загадувањето на воздухот, намалување на загадувањето на водата, намалување на загадувањето на почвата, намалување на окупацијата на простор, блискост со луѓето и околината. Велосипедот е доволно брз да те однесе секаде кај што треба на време, доволно спор за да видиш се што е околу тебе и забавен да ти направи насмевка на твоето лице.
Фестивалот ја промовира употребата на велосипедите, ја зголемува видливоста на велосипедите и ја промовира велосипедската уметност. Во рамките на фестивалот различни настани во однос на промоцијата на велосипедизмот ќе се одржуваат, како што се:
- натпревар за велосипедска фотографија
- натпревар за велосипедски филм
- натпревар за велосипедска уметност
- настани за промоција за велосипедизмот
- велосипедска мода
Уникатната карактеристика на овој фестивал е што ќе оди во секое населено место каде има воља да гостува, и ќе соработува со секој промотер на велосипедизмот кој што може да се најде.
ВелоФест е заедничка активност на Одржливи иницијативи, Велосипедско спортско друштво Енерџи, Плагиј.ат и Екстрим спортс.
За повеќе информации посети ја интернет страницата на ВелоФест: www.velofest.mk, или пиши на официјалната контакт е-пошта: kontakt [мајмунче] velofest.mk