Целта на проектот Велосипедска, културна прошетка „Скриените музеи на Скопје“ е промоција на културни установи, како и заштитени и други културни добра на територијата на Град Скопје, како и во околината, кои не и се толку познати на јавноста но и на туристите. Тоа ќе го постигнеме преку креирање и промоција на електронски водена (само-водечка), велосипедска, културна тура.
Проектот ќе се спроведе низ седум активности:
- Идентификација и избор на локалитетите од културно значење на територијата на Град Скопје. Тоа ќе се постигне во комуникација со надлежните институции (Арехолошки музеј, Музеј на Град Скопје, Конзерваторски центар). Основен критериум за избор на локалитетите е е тоа колку тие се познати за пошироката јавност, односно се најмалку посетени поради физичката локација и скриениот карактер.
- Креирање на велосипедска, културна тура по помалку познатите музеи и избор од културното наследство во Скопје, на пример: Музејот на старата скопска чаршија; Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружје за време на НОВ 1941-1944; Тумба Маџари. Рутата ќе се креира според следниве критериуми: а) безбедно движење и истовремено можност да се запознае градот, б) безбедно паркирање на велосипедите пред избраниот локалитет, в) можност за изнајмување на велосипеди за потребите на турата.
- Ажурирање на информациите поставени на гугл мапата (maps.google.com) за музеите и културните локалитети кои ќе бидат предмет на проектот. Односно поставување на нови фотографии и видеа на гугл мапата, кои ќе служат за полесно наоѓање на локалитетите кои ќе се обработат во овој проект.
- Изработка на напатствија за самоводење - движење низ градот без водич користејќи електронски напатствија од мобилен телефон, како и кратки објаснувања за локалитетите вклучени во турата, на англиски јазик и нивно поставување на најмалку еден светски познат портал за самоводечки тури, од каде гости од странство ќе може самостојно да ги посетат музеите и локалитетите од интерес. Водич ќе им им бидат напатствијата, достапни преку нивниот телефон, а во музеите ќе може да ги превземат локалните кустоси. Напатствијата ќе бидат подготвени од стручни лица кои имаат искуство во изработка на самоводечки тури, а описите ќе бидат изработени од искусен туристички водич кој ќе работи во соработка со институциите надлежни за локалитетите.
- Изработка на печатена мапа на која ќе бидат впишани локалитетите, кратки описи за локалитетите; и рутата која е одредена за нај можно безбедна за да се стигне до нив. Мапата ќе биде испечатена и дистрибуирана како во институциите, така и на соодветни места како туристичкиот инфо центар на Град Скопје, итн.
- Промотивниот настан пред јавноста во Скопје ќе биде преку организирање на образовна, велосипедска прошетка, планирана за септември 2021 година, а која ќе се одвива во согласност со протоколите за спречување на ширење на Коронавирусот. Велосипедската прошетка ќе овозможи ограничена група на граѓани да ја искуси и тестира турата која ќе ја изработиме во рамките на овој проект.
- Видливоста на проектот и резултатите на проектот ќе се одвива паралелно, во текот на спроведувањето на сите останати други пет активности. Главен акцент ќе биде користење на социјалните медиуми на кои ќе се промовираат активностите и резултатие на проектот. Но ќе се предвидат и три соопштенија за медиуми кои ќе се споделат на почетокот на проектот, по изработната на самоводечката тура и веднаш по завршувањето на промотивниот настан.
Период на спроведување: април - ноември 2021 година.
Документи достапни за превземање:
- Прирачник за велосипедски паркинзи пред музеите во Скопје
- Припачник за изнајмување на точаци во Скопје
Аудио-турите се достапни на платформата Изи.травел.
Проектот Велосипедска, културна прошетка Скриените музеи на Скопје е спроведуван во соработка со Музеј на Град Скопје и поддршка од Град Скопје и Министерство за култура.
За повеќе информации контактирајте ја Мери Бакалова Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.