Програма на Столарска едукативна работилница

Откриј го столарот во себе 1.1

 

Период: ноември 2022 - април 2023

Времетраење: 84 часа

 

Скалеста програма преку работни задачи - проекти:

  • Блокче за брусење/шмирглање
    • запознавање со рачен алат
    • Материјал - иверка
  • Свеќник
    • Запознавање со столбна дупчалка
    • Развивање на креативност и слободно формирање во столарството
    • Материјал - дрво
  • Столче
    • Запознавање со убодна пила и батериски навртувач (шреафилица)
    • Планирање на материјал и планирање на изведба
    • Развивање на осет за сечење по линија
    • Материјал - иверка
  • Гајбичка
    • Запознавање со рачна хефталка, стабилен циркулар и рачен циркулар
    • Развивање на вештина за правоаголно спојување со помош на конформати
    • Материјал - иверка
  • Мебел за мачка
    • Запознавање со шаблони за спојки и шарки
    • Развивање на вештина спојување со типли и монтирање на врати
    • Материјал - иверка
  • Наткасна
    • Запознавање со шаблони за водилки за фиока
    • Развивање на вештина монтирање на фиока
    • Материјал - иверка

Материјали: иверка (93%), дрво (7%)

Рачен алат: молив, винкла, метро, столарска стега, рачна пила, блокче за брусење, хефталка, завртувач

Рачен електричен алат: стабилна брусилка, столбна дупчалка, рачна дупчалка (бормашина/шрафилица), хефталка, стабилен циркулар, рачен циркулар

 

Образовни цели:

  • Запознавање на плочест материјал (иверка медијапан) како материјал во столарството;
  • Запознавање на дрво како материјал во столарството;
  • Практикување на безбедносни протоколи при работа со рачен електричен алат;
  • Правилно користење на рачен електричен алат во столарството;
  • Практикување на употреба на шаблони и прирачни алатки;
  • Подигање самодоверба за работа со рачен електричен алат;
  • Стекнување вештини на правење план за работа во столарството;
  • Стекнување знаење за читање на столарски планови;
  • Стекнување знаење за пренесување на мерки на материјалот;
  • Стекнување на способност за самостојно работење во столарството;
  • Стекнување вештини на спојување под прав агол (со хефталка, со типли, со конформати);
  • Стекнување вештини на монтирање шарки и вратнички;
  • Стекнување вештини на монтирање водилки и фиоки;

 

Поддржувачи: Акрон, Биба терк; Блажич, Бранимир компани, Инфини студио, Југоимпекс, Монозеро, Про-дизајн, Фамод, Сканда дизајн

 

* Во зависност од динамиката на групата, односно во зависност од брзината на совладување на вештините од учесниците во групата, столарите инструктори може да донесат решение да воведат дополнителни алати за совладување, односно да одземат некој алат кој според нивна проценка нема да може да се совлада негово безбедно користење од учесниците.