КружокВелосипедски кружок „Милтон Манаки“ за бавно возење велосипед е кружок на љубители на движњето со велосипед кои уживаат во секој момент од тоа движење и сакаат добра дружба. Во Кружокот е добредојден секој, безразлика на физичката спремност или марката и моделот на велосипедот кој го поседува. Велосипедските дружби се наменети за секој, па така добредојдени се и цели фамилии.

Прилепско ПолеОдржливи иницијативи во соработка со Велосипедскиот клуб „Илинден“ од Прилеп, а поддршка од Општина Крушево и Општина Кривогаштани ја продолжува иницијативата за промоција на Прилепското Поле како велосипедско-туристичка дестинација.

ВелоФестТоа е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

to4akТo4ak (точак) иницијативата цели да ги обедини велосипедистите и поддржувачите на велосипедизмот на едно место (на сигурна далечина од возила и девијантни пешаци) кади тие ќе може да комуницираат, разменуваат информации и да развиваат идеи. Идејата е да се обезбеди алатка - медиумска платформа за градење на маса на велосипедисти со критично мислење и да создаде цврсто мислење за улогата и местото на велосипедите и велосипедизмот во општеството.

Подкатегории