Во изминатата година во рамки на Столарскиот едукативен центар направивме интерсни предмети, куќи-столчиња за на Д-Фестивал, па дури и статуетка како награда за најеко-филм за Ехо меѓународниот филмски фестивал. Сега дојде ред да направиме спој на пасијата за возење велосипед и столарството и да изработиме вело-трофеј.
Во периодот од 19 до 24 јуни, секој ден во попладневните часови, ќе организираме отворена работилница каде учесниците ќе ја изразат својата креативност и ќе изработуваат вело трофеј.
Како и до сега, материјалите кои ќе бидат користени се остатоци од индустријата за мебел, па покрај тоа што ќе намалуваме потенцијално создавање на отпад, ќе придонесеме и за складирање на СО2 со тоа што парче дрвен материјал наместо да биде изгорен или фрлен да скапува, ќе биде зачувано во предметот кој што ќе го изработите, односно во вело-трофејот.
За да овозможиме уште по голема креативност, во изборот на материјали ќе додадеме и стари делови од точаци кои ги имаме од Педала,а и делови кои ни ги доделува Bicycle.mk.
Учеството на работилницата е бесплатна. И не само тоа, туку секој кој ќе изработи вело-трофеј ќе биде награден со 10 часа бесплатно користење на Столарскиот едукативен центар во рамки на термините за Закажување на столарска работилница.
Бројот на учесници е ограничен на 10 лица, на принципот прв пријавен - прв услужен.
Предметите, вело-трофеите, кои ќе бидат изработени во рамки на работилницата ќе бидат подарени на општините од Скопскиот плански регион, кои најмногу се залагаат за да овозможат пријатни услови за велосипедистите, со цел да ги поттикнеме да се залагаат уште повеќе за доброто на велосипедистите. А кои ќе бидат тие општини, можеш ти да одбереш на следниот линк: https://shorturl.at/rBFW4
Услов за пријавување на оваа работилница е да сте полнолетни; и да имате искуство во работа со алати.
Пријавување на следниот линк: https://forms.gle/32a9Hvv8HAYa8jrU6
Оваа работилница е спроведувана од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, во соработка со НаТочак. Столарскиот едукативен центар е поддржан од компаниите: Пасворд продакшн, Акрон, Фамод, Бранимир компани, Про-дизајн, Сканда дизајн, Југоимпекс, Блажич, Монозеро, Биба терк, Инфини студио и Астал мебел.
***
Оваа активност е во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“, спроведуван од страна на Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници - МЗПМ и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија. Изразените ставови и мислења се на авторот/ите и грантистот и на никој начин не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска