Отворено пријавување за Столарската едукативна работилница за развивање на лични вештини, дел од проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје.
Глобален еколошки фонд Програма за мали грантови -
- ГЕФ ПМГ Република Северна Македонија
----- Локални акции за глобално влијание -----
Наслов: Откриј го столарот во себе: Столарска едукативна работилница за развивање на лични вештини
Здружение на граѓани Одржливи иницијативи Скопје
Контакт: Бојан Ранташа, проектен координатор
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: 070 876353
Почнувајќи од 6 април 2022 година, здружението на граѓани Одржливи иницијативи од Скопје, организира Столарска едукативна работилница, која ќе овозможи на граѓаните на Скопје да се стекнат со лични столарски вештини и цели да им помогне да одберат столарство како нивно следно занимање.
„Работилницата во своите активности ќе придонесе кон намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје, поради што сите активности ќе се одвиваат со материјал кој е остаток во производството.“ вели Бојан Ранташа, координатор на проектот.
Столарска едукативна работилница ќе трае две сесии по 3 месеци, од април до јуни, и од септември до ноември, секој понеделник и среда од 19 до 21 часот во центарот на Скопје, во просториите на Пасворд продакшн, каде ќе бидат активностите на Столарскиот едукативен центар. Првиот час ќе биде на 6 април, а на 28 март ќе се организира отворена работилница за сите заинтересирани.
Пријавувањето за работилницата ќе се врши од 22 до 30 март преку интернет страницата на Одржливи иницијативи: www.inicijativi.org.mk, со пополнување на формуларот. Предност за учество во работилницата ќе имаат жени, невработени лица и лица под 35 годишна возраст.
„Задоволство ни е да поддржиме ваква столарска иницијатива, која цели и на вклучување на жените во столарството, а особено што во нашата фела имаме можност и за вработување“ вели Елизабета Славковска од Про-дизајн Скопје и една од предавачите во работилницата.
Работилницата се организира во рамки на проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје, проект реализиран од страна на Здружението на граѓани Одржливи иницијативи од Скопје, во соработка со компаниите Акрон, Бранимир компани, Фамод, Про-дизајн, Монозеро, Југоимпекс, Блажич, Биба терк, Инфини студио и Пасворд продакшн. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).
Повеќе за проектот на: https://linktr.ee/stolarskicentar Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат на www.gefsgpmacedonia.org.mk и https://sgp.undp.org.
- - -
Дополнителни информации за уредниците
Во Северна Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со работа во мај 2005. Во периодот 2005- 2021 финансирани се 153 проекти (133 предлог проекти и 20 планирачки грантови) со вкупно доделена сума 2,919,096 САД$ и генерирајќи кофинансирање во износ од 3,211,351 САД$. При тоа се остварени следните резултати во централните области: Биодиверзитет: In-situ заштитени 15 автохтони и глобално значајни видови: 1. Лилјаци 2. папрат Osmunda Regalis 3. Овца Праменка, 4. Крава Буша, 5/6. Локален вид на јаболка (циганка) и круша (сулија), 7/8. македонска речна пастрмка и речен Вретенар (Zingel Balcanicus), 9. Македонска пчела (Apis mellifera macedonica), 10. Жолт локвањ (Nuphar luteum), 11. Воден Бивол 12. Шарпланинец, 13. Домашна кокошка сребра, 14. Домашното магаре и 15. Домашната балканска коза; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје), прво производство на биодизел, 12 Енергетски ефикасни училишта, енергетски ефикасно осветлување во 8 градови, намалување на 1200 Тони CO2/год и Неразградливи органски загадувачи НОЗ/хемикалии: околу 30% од пластичен отпад е попречено од горење и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот, селектирани и рециклирани 50.000 кг пластичен отпад, од 2020 финансиски помага за прв пат собирање и правилно расклопување на користени неонски сијалици, е-отпад; од 2021 користење на текстилниот отпад и користена облека во нови производи, дијагностика и поправка на електронскиот отпад – расипани мали домашни апарати, компјутери и мобилни телефони и нивно повторно користење
ГЕФ обединува 183 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето, озонската обвивка и хемикалии/неразградливите органски загадувачи.
Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во транзиција, доделувајќи 119 САД$ милијарди во кофинансирање преку 5,186 проекти во над 164 земји. Преку Програмата за мали грантови, ГЕФ обезбеди поддршка на преку 25000 проекти на здруженија во 133 земји
Програма на Обединетите Нации за развој
Програмата на Обединетите Нации за развој е присутенa во 170 земји и територии со цел да се искорени сиромаштијата истовремено заштитувајќи ја планетата. Им помага на земјите да развијат силни политики, вештини, партнерства и институции за да можат да го одржат својот напредок. Исто така соработува со сите нивоа на општеството за да помогне во изградбата на нации кои можат да издржат кризи и да поттике подобрување на квалитетот на животот за секого. Како развојна агенција na Обединетите Нации игра значајна улога со помош на земјите да ги достигнат Одржливите развојни цели.
ГЕФ Програма за мали грантови ПМГ
Основана на Самитот за планетата Земја во Рио во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани – ЗГ во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/ неразградливите органски загадувачи, спречување на деградацијата на земјиштето и истовремено генерирајќи одржлива егзистенција. Ги втемелува основите на одржливиот развој преку „мисли глобално делувај локално“. Овозможува финансиска и техничка поддршка за зачувување и заштитување на животната средина зајакнувајќи ја благосостојбата на заедниците. ПМГ покажува дека локаната акција може да ја одржи рамнотежата помеѓу човечките потреби и еколошките цели.Од своето постоење ПМГ има доделено над 25.000 грантови во 133 земји. Финансирана од ГЕФ како корпоративна програма, Програмата за мали грантови – ПМГ е спроведувана од УНДП.