Проектот на здружението на граѓани Одржливи иницијативи - Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје го отвори пријавувањето за втора столарска едукативна работилница за развивање на лични вештини Откриј го столарот во себе.
Столарска едукативна работилница трае 6 месеци, од ноември до април и се одвива во центарот на Скопје, во просториите на Пасворд продакшн, каде се активностите на Столарскиот едукативен центар. Првиот час ќе биде на 23 ноември.
„Ова е втора работилница каде граѓанте ќе имаат можност да развиваат лични вештини од областа на столарството од професионални столари, да учат да работат со рачен алат, а при тоа користејќи материјал - остатоци од мебел индустријата со цел намалување на отпадот кој се создава во процесот.“ вели Бојан Ранташа, координатор на проектот.
„Во април имавме огромен интерес, за десет места ни стигнаа преку 70 пријави.“ продолжува Ранташа. Во овој повик заинтересираните имаат можност да се пријават на една од четири термини за работилницата.
Пријавувањето е отворено до 17 ноември и се врши со пополнување на формулар на интернет страницата на Одржливи иницијативи www.inicijativi.org.mk на принципот прво пријавени - прво услужени. Сите заинтересирани може и да се обратат на е-поштата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Учеството на жени е добредојдено и поттикнато преку ангажирањето на жени професионални столари во работилницата.
Втората работилница цели да обезбеди долготрајна одржливост на проектот и за учеството на работилницата се наплаќа котизација за покривање на трошоците.
За проектот:
Работилницата се организира како продолжение на проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје, проект реализиран од страна на Здружението на граѓани Одржливи иницијативи од Скопје, во соработка со компаниите Акрон, Бранимир компани, Фамод, Про-дизајн, Монозеро, Сканда дизајн, Југоимпекс, Блажич, Биба терк, Инфини студио и Пасворд продакшн. Воспоставувањето на првата работилницата беше финансирана од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).
За ЦОИ:
Центарот за одржливи иницијативи основан е во 2008.
Неговата мисија е да овозможи одржлив развој на заедницата во Македонија обезбедувајќи стручност и поддржувајќи граѓански иницијативи.
Забелешка за уредници:
За понатамошни информации, Ве молиме контактирајте го: Бојан Ранташа, 070876353, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Повеќе за Столарскиот едукативен центар и проектот со кој започна на: https://linktr.ee/stolarskicentar
Линк до формуларот: https://inicijativi.org.mk/index.php/mk/пријави-се-откриј-го-столарот-во-себе
Ве молиме кредитирајте го ЦОИ за фотографиите, доколку не е наведено поинаку.