Соопштение за јавност: Доделени наградите за вело општини - Општина Центар е Највело скопска општина за 2023
Општина Центар ја понесе титулата за Највело општината во Скопје и околината за 2023 - признание кое за првпат годинава го воведуваат Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи заедно со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје - НаТочак.
Работилница: Вело-трофеј
Во изминатата година во рамки на Столарскиот едукативен центар направивме интерсни предмети, куќи-столчиња за на Д-Фестивал, па дури и статуетка како награда за најеко-филм за Ехо меѓународниот филмски фестивал. Сега дојде ред да направиме спој на пасијата за возење велосипед и столарството и да изработиме вело-трофеј.
Анкета за јавност: Бираме „Највело општина во Скопскиот плански регион“
Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје - НаТочак, ги повикува граѓаните да ги споделат своите искуства и ставови преку онлајн анкета кои ќе придонесат во изборот на „Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 година.
Повеќе: Анкета за јавност: Бираме „Највело општина во Скопскиот плански регион“
Соопштение за јавност: Премиера на документарниот филм „Откриј го столарот во себе“
28-03-2023 Скопје: Во периодот од 29 март до 2 април на Саемот на мебел 2023, премиерно ќе се прикажува документарниот филм Откриј го столарот во себе.
Повеќе: Соопштение за јавност: Премиера на документарниот филм „Откриј го столарот во себе“
Избираме вело-општина - избираме климатска акција
Целта на проектот е да се оствари Зголемен притисок за климатска одговорност кај општините во Скопски плански регион преку воспоставување на награда за нај вело-општина.
Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје
Главната цел на овој проект е промовирање социјално-одговорни и еколошки практики во столарството кои ќе водат кон намалување на отпадот од мебел индустрија, преку создавање на Столарски едукативен центар.
Повеќе: Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје
Страница 1 од 2