Одржливи иницијативи во соработка со Велосипедскиот клуб „Илинден“ од Прилеп, а поддршка од Општина Крушево и Општина Кривогаштани ја продолжува иницијативата за промоција на Прилепското Поле како велосипедско-туристичка дестинација.
Проектот Велосипедско рекреативна тура „Културното наследство низ Прилепското Поле“ цели да ја запознае Македонската јавност како и странски посетители со дел од културно-значајните објекти од Прилепското Поле. Идејата е да преку оваа, образовно – промотивна и рекреативна велосипедска тура јавноста полека изгради интерес за посета на полето како викенд или повеќедневна дестинација за посета, истражување и уживање. Во рамките на проектот ќе се подготви и мапа која ќе овозможи јавноста слободно да го посетува полето и надвор од овој настан.
Ова е втора година да се организира настанот, а ние од организациониот тим се надеваме дека ќе премине во традиционален настан за промоција на Прилепското Поле.
Датумот на настанот е закажан за 10 октомври 2015 година.
Сите понатамошни информации ќе бидат поставени и достапни преку велосипедскиот портал то4ак.
Проектот е поддржан и од приватниот сектор: Фурна Алекс, Стефано 97, Агротехна.
Медиумски спонзор е Нова Македонија и МКД.мк.