Велосипедски кружок „Милтон Манаки“ за бавно возење велосипед е кружок на љубители на движњето со велосипед кои уживаат во секој момент од тоа движење и сакаат добра дружба. Во Кружокот е добредојден секој, безразлика на физичката спремност или марката и моделот на велосипедот кој го поседува. Велосипедските дружби се наменети за секој, па така добредојдени се и цели фамилии.
Зошто бавно возење велосипед и што е тоа Бавно велосипедско движење?
– Бавното велосипедско движење го слави велосипедот и возењето велосипед. Возењето велосипед како прекрасен начин да се движите наоколу. Вие да го возите велосипедот при што ќе си дадете време да уживате во движењето кое самите вие го создавате; и се разбира да уживате во пејзажот околу вас. Идејата е да се постави велосипедизмот онаму каде треба да биде: во категоријата нормално. Нормален начин за да се посети нешто; нормален начин да се отиде до ресторан; нормален начин да се отиде на викенд.
Зошто Велосипедски кружок „Милтон Манаки“?
– Затоа што Милтон Манаки е првиот познат љубител на велосипеди во Македонија. Тој придонел за развојот и популаризацијата на велосипедизмот во Македонија со тоа што ги фотографирал почетоците на Македонскиот велосипедизам. Дополнително, баш поради тоа што тој бил фотограф и филмограф, сакаме да ја истакнеме поврзаноста на велосипедизмот со фотографијата и воопшто со културата и уметноста.
Повеќе информации за Кружокот можеш да најдеш на: Фејсбук, Гугл+ или на интернет страницата: www.milton.to4ak.com