Почитувани, прашалникот „Превоз за време на корона“, изработен од Здружението на граѓани Одржливи иницијативи од Скопје, во соработка со НаТочак, е наменет да ги регистрира вашите искуства и ставови во врска со превозот низ град Скопје за време на корона кризата и по неа. Вашите одговори ќе ни дадат до знаење каков јавен сообраќај сакаат жителите на Скопскиот регион да имаат и користат.
Пополнувањето на овој прашалник е анонимно.
Ве молиме следете го овој линк до прашалникот: https://forms.gle/3VCnXTN8jrQPtgt36
Со цел спроведување активности од областа на промоцијата и развојот на велосипедизмот, бараме нови доброволци кои би се приклучиле на нашата екипа, која изминатава деценија работеше неуморно и пред јавноста ги реализираше нештата како ВелоФест и Педала, како и ред настани низ земјата, но и помош и поддршка на активностите на НаТочак. Сега се впуштаме во нови авантури и потребни ни се нови доброволци со кои ќе оствариме нови нешта.
Следејќи ја ситуација поврзана со Коронавирусот, како во земјава, така и во странство, ви се обраќаме со отворено писмо со цел да ве поттикнеме да се преземат дополнителни итни мерки кои ќе овозможат зголемено дистанцирање меѓу поединци, односно спречување на ширење на вирусот, а при тоа ќе овозможат луѓето побезбедно да се движат.
Страница 2 од 2