Во петокот, 11 ноември во просториите на Столарскиот едукативен центар (Пасворд продакшн) ќе приредиме изложба на предметите подготвени во рамки на првата Столарска едукативна работилница за развивање на лични вештини Откриј го столарот во себе, а дел од проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од мебел индустријата во Скопје, поддржан од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд.

   Столарската работилница за хобисти ќе трае од 19 јули до 28 јули, секој вторник и четврток, по три часа, во просториите на Пасворд продакшн, каде се одвиваат активностите на Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна бригада бр. 39/-1. Првиот термин е на 19 јули од 18 часот.

   Креативната столарска работилница ќе трае од 21 јуни до 30 јуни, секој вторник и четврток, по два часа, во просториите на Пасворд продакшн, каде се одвиваат активностите на Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна бригада бр. 39/-1. Првиот термин е на 21 јуни од 18 часот.

   Откриј го столарот во себе и пријави се на Столарската едукативна работилница за развивање на лични вештини. 

   Столарска едукативна работилница ќе трае две сесии по 3 месеци, од април до јуни, и од септември до ноември, секој понеделник и среда од 19 до 21 часот во просториите на Пасворд продакшн, каде ќе бидат активностите на Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна бригада бр. 39/-1. Првиот термин е на 6 април од 19 часот.